Ракометниот плејоф за шампион на Македонија е на самата средина, па вечното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во Битола ќе даде многу одговори дали битолчани ќе го одбранат трофејот или тој ќе се врати во Скопје.
На последните осум првенствени натпревари на овие две екипи секогаш победуваше домаќинот, а вечерва тоа ќе биде Еурофарм Пелистер, кој има бод предност на табелата пред Црвено-црните. Квотите во Sport Life му даваат предност на Еурофарм Пелистер, па квотата за нивна победа е 1.50, што доколку на крајот излезе така, ќе му побегнат на вечниот ривал веројатно на недостижни плус три.
Вардар ќе атакува на брејк и победа во Битола, со што би избил на чело од табелата, за што квотата им е 3.00, но веројатно нема да бидат незадоволни и со реми, па за титулата да се решава во „Јане Сандански“. Квотата за реми во понудата на Sport Life е 8.00.
Освен на конечен тип, во Sport Life може да се одиграат и останатите стандардни игри за ракометните натпревари. Тука се голови, но и хендикепот, а основниот е 2.5 во корист на Еурофарм Пелистер. Комплетната понуда може да ја најдете на следниов ЛИНК.