Вечното англиско дерби е топ-предизвик за Спортска прогноза и „ајфон 11“

Вечното англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул секогаш е голем предизвик за прогнозирање, а веќе имате можност да се приклучите во 34-тото коло на Спортска прогноза и во трката за „ајфон 11“ во обид да се погоди исходот на мечот на „Олд Трафорд“ и уште дузина интересни натпревари.

Во тек е 34-тото коло на нашата бесплатна игра, а целта се знае, да се погоди Тринаесетка за да се освои прекрасниот „ајфон 11“ што го доделува Sport Life.

Покрај англиското дерби закажано за во недела од 17.30 часот, во фокусот ќе биде и последниот меч од 13-те што се на менито за 34-тото коло меѓу Монако и Лион. Двете екипи се во трка за титулата со Лил и ПСЖ во едно од највозбудливите првенства во Франција во последните години.

За учество во играта, сè што ви треба е да имате СЛ картичка и добра стратегија за атак на „ајфонот“, а Спорт Манија и Sport Life стандардно веќе трета сезона со Спортска прогноза ги наградуваат и утките.

Со еден промашен пар на Тринаесетката, ви следуваат ваучери од 1.000 денари, а со две промашени двојки, се добива ваучер од 500 денари во Sport Life.

До крајот на третата сезона има уште малку, ова и уште три кола, па и трката за шампионската круна во Генералниот пласман станува драматична.

Најдобриот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди ќе има за најдобрата петорка, и тоа многу поени од СЛ маркетот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести