Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра без публика!

По добиената препорака од Владата до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020 година да се играат без присуство на публика, Кошаркарската федерација официјално потврди дека сите натпревари кои се во нејзина организација ќе се одиграат без присуство на публика. Тоа значи дека и вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички во „Јане Сандански“ ќе се игра без гледачи.

Претходно, на својата 11.седница, Владата на РСМ препорача да се откажат масовните јавни собири до 6 март, а спортските натпревари да се играат без публика, по предлогот на министерот за здравство Венко Филипче.

Одлуката доаѓа по појавата на првиот случај со коронавирус во земјава.

„Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации“- објави министерот за здравство, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести