Вечното дерби му дава шарм на Супер типот, специјални се квотите за победа и на Црно-белите и на Црвено-белите (Фото)

Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари од четири спортови со специјално зголемени квоти во Sport Life кои за конечен тип се движат од 1.50 до 2.62.

Понеделнички, фудбалот не го има главниот збор, има шест натпревари од најважната споредна работа на светот, пет се тениски, три се од хокеј на мраз, а тука е и кошаркарското вечно дерби меѓу Партизан и Црвена звезда.

Понудата започнува со натпреварот од плејофот во финскиот шампионат во хокеј на мраз меѓу Карпат и КооКоо на кој домаќинот е фаворит за триумф и специјално зголемената квота изнесува 1,97.

Најмали се квотите за триумф на фудбалските натпревари. Ејупспор во втората турска лига е фаворит против Алтај (1,52), како и на дуелот меѓу Хапоел Тел Авив и Макави Хаифа во израелскиот шампион каде гостинот е фаворит (1,52). Специјално зголемени квоти има и за триумф на Атлетико Мадрид, НАК Бреда ,Клуж…

Богата и е тениската понуда и тоа благодарение на првиот годинешен турнир од серијата мастерс 1000 што се игра во Индијан Велс.

Посебен шарм на Супер типот му дава вечното кошаркарско дерби меѓу Партизан и Црвена звезда, овој пат во рамки на АБА-лигата. Црно-белите ја имаат фаворитската улога и специјално зголемената квота за „кецот“ изнесува 1,73, додека двојката за Црвено-белите кои се поуспешни сезонава и водат со 3:1 во победи во меѓусебните пресметки, е најголема за конечен типи изнесува 2,62.

Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.

- Оглас -

Најнови вести