Вечното дерби не може без инциденти, Делиите ги натераа судиите да се повлечат во соблекувалната

Првото дерби меѓу вечните ривали, Црвена ѕвезда и Партизан, во рамките на осмото коло во АБА-лигата е прекинато во финишот од првата четвртина.

Судиската тројка одлучи да се повлече во соблекуваната по „перформансот“ на навивачите на Црвена ѕвезда, популарните Делии.

Имено, при резултат 17:18 за Партизан, играчот на Црвено-белите, Никола Ивановиќ, беше фаулиран во рекетот на Партизан, но притоа заработи повреда.

Делиите веднаш почнаа да фрлаат предмети на теренот во салата „Александар Николиќ“, по што судиите се повлекоа во соблекувалната и побараа да се испразни еден дел од трибините од каде што беа фрлани предмети на теренот. Речиси по 30-минутен прекин, натпреварот продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести