Хајдук и Динамо Загреб ќе играат во сабота, од 18 часот, на „Пољуд“ во Сплит, во вечното хрватско дерби и тоа е најинтересниот натпревар во 27-мото коло на Спортска прогноза.
Бодовите се исклучително важни за двата тима во битката за титулата во Хрватска, а со овој меч има уште 12 загатки што играчите на Спортска прогноза треба прецизно да ги решат за прекрасната награда „ајфон 12“.
Колото е во тек и може да се приклучите до сабота до 15 часот, кога почнува првиот меч од популарната Тринесетка, што редовно веќе четири сезони по ред ја организираат Спорт Манија и Sport Life.
Учеството е бесплатно, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може брзо да се добие на сите уплатни места на обложувалницата.