Првата фудбалска лига на Македонија ќе има спектакуларен почеток, со оглед на фактот дека во првото коло ќе се игра мечното македонско дерби помеѓу Вардар и Пелистер. Фудбалската федерација на Македонија го закажа мечот за петок, осми август, со почеток во 20 часот, а од денес веќе може да се купи и билет за овој натпревар.
Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс по цена од 300 денари, а во продажба се билетите само за јужната трибина.