Пелистер и Вардар одиграа ново вечно македонско дерби како најголеми фудбалски ривали во нашата земја и тоа на необично место во селото Црни Буки.
Во ефикасен пријателски меч непосредно пред стартот на новата сезона Пелистер и Вардар ремизираа 2:2.
Гостите од Скопје двапати водеа, а Пелистер израмнуваше за конечни 2:2. Потоа се изведуваа пенали и Вардар беше поуспешен и победи со 4:3 во серијата удари од белата точка.
Мечот беше во чест на прерано починатиот Трајан Кочишки Куља.
Двете екипи се подготвуваат за стартот на македонската Втора лига и се надеваат дека ќе се вратат во Првата лига, Пелистер експресно по само една сезона, а Вардар по два циклуси минати во второлигашкото друштво.
Првенството почнува на 13. август.