30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Вечното почивалиште на Пеле ќе биде на деветтиот кат од највисоката гробница на светот

Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле, кој почина пред три дена, ќе биде погребан во највисоката гробница на светот, што се наоѓа во градот Сантос, во сојузната држава Сао Пауло.

Имено, последна желба на Пеле била да биде погребан на деветтиот кат на гробиштата во родниот Сантос, „Memorial Necropole Ecumenica“.

Оваа гробница е највиска на светот, има 32 спрата и се простира на 1.8 хектари и има околу 16.000 гробни места.

Од денеска ковчегот со телото на Пеле е пренесено на стадионот на Сантос, каде фановите за последен пат ќе се простат од легендарниот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести