Головите се најдобра опција за 160-тото вечно српско дерби

Црвена ѕвезда – Партизан (19 часот)

На ред е вечното српско дерби, секогаш возбудливо, со многу интензитет и голем ривалитет, без разлика на состојбата на табелата.

Црвена ѕвезда ќе сака да се рехабилитира по поразот од Чукарички, по што беше прекината долга серија без неуспех. Изненадувачки, сезонава Раднички Ниш им е главен конкурент за титулата, а не како што е пракса Партизан.

„Црно-белите“ имаат релативно лоша сезона и заостануваат зад вечниот ривал со 15 бода. На гостите им требаат бодовите за да остана на третата позиција. Црвена ѕвезда не смее повторно да киксне бидејќи тимот од Ниш се заканува и стигна само на 4 бода разлика, па ќе биде интересно во 160-тото вечно дерби на српските гиганти.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.20) Квота на денот

 

Севилја – Рајо Валјекано (19.30 часот)

Двете екипи имаат големи мотиви за победа во дуел што може да биде клучен за Лигата на шампионите и за опстанокот. Севилја бие битка за да се пробие до четвртата позиција и ако победи вечер, ќе има шанса да го прескокне Хетафе, кој игра со Реал Мадрид.

Гостите се борат за опстанок и ако денеска бидат поразени, речиси сигурно ќе ги пакуваат куферите за пат кон понизок ранг. За жал, нашиот репрезентативец Столе Димитриевски не брани, а Рајо ја нема победено Севилја во меч од Ла Лига на „Санчес Писхуан“ од 2000 година.

Тоа е еден од најдолгите постови, а според квалитетот на тимовите и позицијата на табелата, тешко дека и вечерва клубот од Мадрид ќе слави во Севилја.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (1.77) Квота на денот

 

Реал Сосиедад – Вилјареал (20.30 часот)

Клубот од Сан Себастијан е на безбедната 11-та позиција и нема преголеми грижи за опстанокот, за разлика од Вилјареал. Жолтата подморница со две победи по ред малку се извлече од дното на табелата, но сè уште стравува за опстанокот во Ла Лига.

Ќе имаат повеќе мотиви од домаќинот, но „Аноета“ секогаш е незгодно место за гостување. Реал Сосиедад има големи проблеми со повредите на играчите, неизвесен е настапот дури на осуммина играчи, а гостите се со една грижа, дали Асенхо ќе може да брани.

Вилјареал не игра лошо во последно време во Сан Себастијан и може да извлече добар резултат и денеска.

Предлог тип: Х (3.45)

 

Аталанта – Фиорентина (20.45 часот)

Реваншот во Бергамо треба да одлучи која екипа ќе игра во финалето на Италијанскиот куп против Лацио. И за двете екипи ова е голема шанса за да се стигне до пехар, а првиот меч заврши нерешено 3-3, па се чини дека Аталанта е во предност.

Двата последни дуели им беа исклучитено ефикасни. Аталанта ја победи Фиорентина во меч од Серија А со 3-1 на почетокот на март и повторно е фаворит за победа. Тимот од Бергамо е вистинско освежување сезонава во Италија, игра атрактивно, за гол повеќе и е поблиску до победата и до финалето од Фиорентина.

Предлог тип: 1 (1.77)

 

Хетафе – Реал Мадрид (21.30 часот)

Ова е едно од најважните градски дербија за Хетафе против гигантот Реал Мадрид. Домаќинот се бори за историја и за прв пласман во Лигата на шампионите, а Кралскиот клуб сака што побрзо да заврши неуспешната сезона за него без ниту еден освоен трофеј.

Реал речиси сигурно ќе ја заврши Ла Лига на третото место, а Хетафе моментно е зад него и сака со победа да се задржи на позицијата што води во ЛШ.

Домаќините ќе играат против традицијата, против „поголемиот брат“ од Мадрид. Серијалот од 10 порази на последните 10 меѓусебни дуели со Реал им е исклучително лош, па најдобра варијанта е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) Квота на денот

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести