Вечното српско кошаркарско дерби пак ќе им припадне на Црвено-белите

Партизан – Црвена ѕвезда (19 часот – Суперлига на Србија, финале, втор натпревар. Ѕвезда води 1-0)

Актуелниот српски и јадрански шампион, тимот на Црвена ѕвезда ја доби првата битка против вечниот ривал Партизан и поведе со 1-0 во финалната серија. Како што се очекуваше дека првиот меч ќе биде неизвесен, така треба да се одвива и втората средба, а на крајот повторно да им припадне на Црвено-белите.

Воедно, Ѕвезда ќе може да ја продолжи серијата победи на три врз вечниот ривал, сметајќи ги и претходните дуели кои се играа во текот на оваа сезона. Иако цела финална серија се игра во една сала (Пионир), поголемата поддршка од трибини ќе биде за Партизан, а дали тоа може да влијае врз противникот, ќе се види вечерва.

Предлог тип: 2-2 (2.65)

 

Депортиво Ла Коруња – Малага (21 часот – Полуфинале разигрувања Ла Лига 2, прв натпревар)

Поранешните шпански прволигаши во меѓусебен двомеч ќе одлучуваат кој ќе се пласира во финалето и ќе бие битка за пласман во елитата. Поради предноста на домашен терен, Депортиво е фаворит во оваа средба, а пред своја публика многу ретко губи од Малага. Повеќе од пет години екипатa од Ла Коруња не ги разочарала своите навивачи во дуелите против нивниот денешен противник, а планираат така да остане и по овој меч.

Но, треба да се знае дека фудбалерите на Малага делуваат доста опасно во последно време. Регуларниот дел од сезоната го завршија со пет последователни победи и имаат мотив во ист ритам да продолжат и во овие разигрувања.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.30)

 

Германија ж. – Шпанија ж. (18 часот – Светско првенство жени, групна фаза, второ коло)

Фаворитките во групата Б тргнаа со победи против Кина, односно Јужна Африка, а сега во дербито на колото ќе ги одмерат силите, по што ќе може да се одреди која репрезентација ќе биде прва, а која втора во групата. Германките се фаворитки, со оглед на тоа дека се поискусни во ова натпреварување. Впрочем, Германија е двократен светски првак во женска конкуренција, така што во секое издание на Мундијалот целат на самиот трофеј.

Досега Германија и Шпанија се сретнале само трипати, во рамките од Европското првенство и еден пријателски меч. Два од нив завршиле без победник, а единствената остварена победа на Панцерките е со огромни 5-0.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Франција ж. – Норвешка ж. (21 часот – Светско првенство жени, групна фаза, второ коло)

Домаќинките на женскиот Мундијал отворија со голема победа од 4-0 над Јужна Кореја, додека, пак, вторите фаворитки од групата, Норвежанките ја совладаа Нигерија со 3-0. Како светски шампиони од 1995 година, Норвешка е најголема закана за Триколорките во групата А, тоа го покажуваат и претходните девет меѓусебни дуели. Двете репрезентации низ историјата си поделиле по три победи, а трите останати средби останале со нерасчистени сметки.

Франција е во фантастична форма од 14 победи на последните 15 меча, сметајќи ги и пријателските средби пред почетокот на Мундијалот. Норвешка, пак, знае да биде неприкосновена, но и да потфрли против селекции многу послаби од неа.

Предлог тип: ГГ3+ (2.62)

 

Хрватска У21 – Данска У21 (18:30 часот – пријателски натпревар)

Младинците на Хрватска и Данска се подготвуваат за следното Европско првенство кое ќе се во Италија. Континенталниот шампионат за играчи до 21 години стартува на 18 јуни, така што овој меч е добра контрола за двете селекции за да видат до каде се со напредокот.

Воедно, ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Хрватска и Данска, а Коцкестите се за нијанса фаворити. И двете селекции не се во посакуваната форма – Хрватска има само еден триумф од последните четири меча, додека Данска забележа две победи и два порази.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.85)

- Оглас -

Најнови вести