Веднаш дајте му ја титулата: Баерн го здроби освојувачот на Лигата на Европа со 6:1!

Актуелниот германски првак Баерн Минхен на убедлив начин ја започна одбраната на титулата во Бундеслигата, откако со убедливи 6:1 славеше над Ајнтрахт Франкфурт во мечот со кој стартувапе новото првенство.

Баварскиот гигант уште во првото полувреме покажа кој е „газда“ во Германија и по 45 минути водеше со 5:0. Кимих ја отвори серијата погодоци, а потоа погодуваа и Павард, Мане, Мусиала и Гнабри.

Во второто полувреме, Баерн намали со темпото и тоа го искористи Ајнтрахт, кој е и актуелен освојувач во Лигата на Европа. Домаќините дадоа почесен погодок преку Коло Муани, но до крајот уште еднаш се тресеше мрежата на домаќините. Мусиала со погодок во 83 минута ги постави конечните 6:1.

- Оглас -

Најнови вести