Веднаш по освојувањето на Златната топка, Меси „закачи“ вирус

Лионел Меси во понеделникот вечерта ја освои седмата Златна топка, а веднаш потоа се пожали на здравствени проблеми. Меси го пропушти вчерашниот тренинг во ПСЖ откако се пожалил на стомачен вирус, кој најверојатно го префатил од неговиот соиграч Леандро Паредес, кој претходно пројави исти симптоми.

ПСЖ вечерва игра против Ница, а Светците сигурно ќе бидат без повредените Нејмар, Верати, Дрекслер, Ерера и Вајналдум, а неизвесно е дали Меси и Икарди ќе може да играат во дербито.

Светците се убедливо први на табелата со 40 бодови, а Ница е на третото место дури со 14 бодови помалку од лидерот.

- Оглас -

Најнови вести