Вејн Руни е подготвен за дебито во дресот на Дерби каунти

Вејн Руни денеска и официјално потпиша договор со клубот Дерби каунти, во новата средина ќе носи дрес со бројот 32, а веќе и одржа еден тренинг пред утрешниот меч од Чемпионшип против Барнсли.

Руни кој има 34 години, се враќа во родната земја по престојот во САД. Со Дерби потпиша договор на 18 месеци, а освен како играч, ќе биде во улога и на помошник тренер во стручниот штаб на Филип Коку.

Руни е прв стрелец во историјата на англиската репрезентација и иако не е во физичка форма како во претходниот пат кога играше во Премиерлигата, може да биде од помош за Дерби.

- Оглас -

Најнови вести