Дерби каунти има дури 21 одземен бод сезонава во Чемпионшип лигата поради големи финансиски проблеми.
Еден од најстарите тимови се соочува со големи проблеми, но тренерот Вејн Руни и фудбалерите се вистински херои. И покрај сите случувања, тимот има 14 бодови и сѐ уште е во игра за опстанокот, а со игрите што ги прикажуваат тој би требало да дојде без проблем.
Вчера го совладаа минатосезонскиот премиерлигаш Шефилд јунајтед со 2:0, и тоа со двата гола на Том Лоренс во второто полувреме.
А и двата беа мајсторија за која вреди да се напише некој ред. Да не должиме многу, подолу во видеото ги има и двата гола кои вреди да се погледнат неколку пати.