Вејн Руни иако не изгледа како спортист, покажа дека се уште има топ во нозете (Видео)

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, уште еднаш покажа дека „формата е минлива, но класата е вечна“ па со фантастичен шут од слободен удар успеа да постигне погодок на хуманитарниот натпревар помеѓу легендите на Манчестер јунајтед и Селтик.

Руни кој има 253 гола во дресот на Манчестер јунајтед, иако воопшто не изгледа како спортист, сепак, уште еднаш покажа дека фудбалската магија се уште ја има во нозете.

Натпреварот заврши нерешено, 1-1, откако Селтик израмни преку Гери Хупер во 62-рата минута. На пенали победи Селтик со 5-4.

На хуманитарниот натпревар беа собрани 1.2 милиони евра, а на трибините на „Олд Трафорд“ имаше 33.000 гледачи.

Освен Руни, за Манчестер јунајтед настапија и Линдегард, Валенсија, Ирвин, Флечер, Џемба-Џемба, Чадвик, Поборски, Карик, Бат, Сколс, Бербатов …

- Оглас -

Најнови вести