На 24 часа пред завршувањето на терминот за типување за 11-тото коло од оваа сезона на Спортската прогноза, веќе е јасно кои тимови се фаворити на мнозинството играчи на оваа бесплатна игра, а каде има поголема поделеност.
За дербито од Серија А меѓу актуелниот шампион на Италија, Наполи, и најтрофејниот клуб Јувентус, кое е најатрактивен натпревар во понудата, 49,3 отсто типувале победа на Наполи, а 11,4 проценти од прогнозерите чекаат триумф на Старата дама од Торино.
Кај седум од 13-те пара има над 60 проценти за одредени типови. Целта е да се стигне до Среќна 13-ка, односно погодени 13 фиксови, што носи подарок iPhone 16.
Типувањето трае до сабота до 15 часот. За 12 погодени натпревари следува вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


