Македонија ќе игра во баражот за Светско првенство, а на ждрепката која ќе се одржи в четврток, нашата репрезентација ќе биде во последниот, четвртиот барабан.
Тоа значи дека за ривал ќе добиеме селекција од првиот барабан, каде што се најсилните според рангот на ФИФА. Бараж-мечот ќе се игра во март следната година.
Во првиот барабан се селекциите на: Италија, Данска, Турција и Украина.
Во вториот барабан се селекциите на: Полска, Велс, Чешка и Словачка.
Во третиот барабан се селекциите на: Република Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.
Во четвртиот барабан се селекциите на: Романија, Шведска, Македонија и Северна Ирска.


