Партизан и Црвена ѕвезда одиграа нерешено 1:1 во вечното дерби во српското првенство. Ова е 168-ми дуел на двата најтрофејни клуба во Србија, а на крајот немаше победник.
Ова е осмо дерби во низа на кое Партизан не може да победи, а тоа што е карактеристично е дека на пет од последните шест меча на Вечните на стадионот на Партизан на крајот резултатот е 1:1.
Црвена ѕвезда прва се израдува, и тоа благодарение на еврологот на Букари во 27-мата минута. Тој гол може да го погледнете ТУКА.
Партизан до израмнување стигна на почетокот на второто полувреме, кога беше досуден пенал за Партизан, а Натхо погоди за 1:1.
https://twitter.com/i/status/1565056920989450246