Тимот на Евертон сезонава заработи казна од 10 бода поради прекршување на финансискиот ферплеј во сезоната 2021/2022, но и покрај тоа, тимот од Ливерпул успеа да избега од опасната зона и моментално е на 17-тото место на табелата со 17 бода. Доколку не им беа одземени тие 10 бода, Карамелите ќе беа на 12-тото место и далеку од опасната зона.
Според најавите од Англија, на Евертон му следува нова казна и повторно одземање бодови поради неправилно работење и неисполнување на условите од финансискиот ферплеј. Освен Евертон, во опасност за одземање бодови е и тимот на Нотингам форест, кој моментално има 20 бода и е на 15-тото место на табелата.
Под истрага за кршење на финансискиот ферплеј е и шампионот Манчестер сити, кој е обвинет за кршење дури на 115 правила. Истрагата околу работењето на Граѓаните уште трае и се очекува разврска да има дури следната година.