Веќе не го трпат – Јунајтед го отпиша Погба, најавени две зимски засилувања

Манчестер јунајтед нема да ги започне предвидените преговори со Пол Погба околу нов договор. И покрај тоа што Французинот притиска да го напушти „Олд трафорд“, Црвените ѓаволи планираа да го убедат да остане нудејќи му нов, побогат договор. Откако се дозна овој план, Погба постави услов, да добие годишна плата 31 милион фунти, што создаде гнев во таборот на најтрофејниот англиски клуб.

Наместо да започнат преговори, Јунајтед реши повеќе да не го трпи егоистичниот Погба, па сега ќе чекаат Реал Мадрид и Јувентус повторно да се јават за да се договара трансфер. Сумата која ја бара тимот на Солскјер, ни помалку ни повеќе, изнесува 180 милиони евра, или 160 милиони фунти.

Во меѓувреме, норвешкиот стратег ги одреди фудбалерите кои би требало да претставуваат замена за Погба. Тоа се Кристијан Ериксен од Тотенхем и талентираниот играч за врска на Астон Вила, Џон Мекгин. Јасно е дека Ериксен е првата опција, особено што е влезен во последната година од договорот со Петлите и посакува да го напушти Лондон.

Исто така, се следи ситуацијата со Марио Манџукиќ од Јувентус. Хрватот беше блиску до трансфер во Катар, но истиот не се реализира, па сега Манџукиќ чека понуда од Манчестер за во залезот на својата кариера да заигра во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести