Веќе нема дилеми: Мбапе ја донесе одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата

Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен. Иако се чека само објава на одлуката, Французинот се одлучил да ја прифати понудата на тимот каде што е актуелен играч, а ваквата вест ја објави добро информираниот новинар Џјанлука до Марцио.

Тој потпиша петгодишен договор каде што ќе зима над 6 милиони евра плата на месечно ниво, плус бонуси, а за самиот потпис на новиот договор ќе добие над 130 милиони евра.

Воедно, Мбапе ќе одлучува за доаѓањето на новите тренери, како и играчи кои што ќе доаѓаат во првакот на Франција. Ваков договор во историјата на фудбалот досега нè е виден, а времето ќе покаже дали оваа одлука е правилна.

- Оглас -

Најнови вести