Дејан Кулушевски се наоѓа на позајмица во Тотенхем, и тоа со право на откуп. А таквата опција ќе ја искористи тимот до Лондон, кој на Јувентус ќе му уплати малку повеќе од 40 милиони евра.
Иако клаузулата ќе се активира со евентуални 20 настапи за Петлите, како и пласман во Лигата на шампионите, раководството на овој тим и тренерот Антонио Конте се презадоволни од настапите на несудениот македонски репрезентативец кој одлучи да настапува за Шведска.
Дејан ги импресионира сите во Тотенхем и веќе во наредните денови неговиот договор ќе биде откупен, со што ќе стане перманентен играч на премиерлигашот.
Тој во Лондон пристигна во јануари, а оттогаш има 25 одиграни натпревари и шест постигнати погодоци.