Веќе нема шпекулации – јасно е кој е прв фаворит за наследник на Клоп

По 29 одиграни меча, Ливерпул стигна до лидерската позиција во Премиер лигата, со два бода повеќе од Арсенал и три повеќе од Манчестер сити. Навивачите на Ливерпул сонуваат да ја освојуат титулата и на најдобар можен начин да се простат со тренерот Јирген Клоп кој си заминува од клупата на крајот од сезоната.

Клоп помина осум сезони на „Енфилд роуд“ донесе многу радости и трофеи за овој англиски гигант, а „шлагот на тортата“ би била нова титула во Премиер лигата. Во медиумите веќе на големо се зборува за наследникот на Клоп. Прво се чекаше дека Чави Алонсо ќе дојде, но Шпанецот откри дека останува во Баер Леверкузен. Потоа Де Зерби кој со Брајтон има одлична сезона беше меѓу фаворитите, но сепак, според експертот за трансфери, фабрицио Романо, наследник на Клоп ќе биде Рубен Аморим.

Младиот 39-годишен стратег е на чело на Спортинг од 2020 година, а сега по завршување на сезоната треба да се пресели на „Енфилд роуд“.

„Иако многумина зборуваат за Де Зерби, јас само ќе ја потврдам информацијата што ја добив. Рубен Аморим е прв фаворит за клупата на Ливерпул. Де Зерби е само еден од оние за кои се шпекулира, но нема никакви контакти со луѓето од Ливерпул“, откри Романо.

Спортинг е лидер во првенството на Португалија со 68 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести