Помина половина од времето за типување за 28-мото коло во четвртата сезона на нашата бесплатна и предизвикувачка Спортска прогноза, па играчите веќе наголемо прогнозираа и најавија кои се нивни фаворити на Среќната 13-ка.
Голем дел од прогнозерите, 73 % веруваат во победа на ПСЖ на гостувањето кај Монако, најголем фаворит е Штутгарт против Аугсбург, дури 84 отсто очекуваат триумф на домашните.
За „Ел Класико“, малку повеќе од половината го фаворизираат Реал Мадрид, а речиси исто толку прогнозери веруваат во победа на Рома во дербито против Лацио.
Како што е добро познато, потребно ќе биде да се погодат сите 13 натпревари за да се добие прекрасниот „ајфон 12“, едно промашување носи ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека две утки даваат ваучер од 500 денари.
Првата средба се игра в сабота, од 13.30 часот, и тоа е терминот до кој може да се прогнозира.
А доколку, пак, не знаете како да учествувате во оваа бесплатна игра, сè што треба да направите е да имате бесплатна SL картичка за којашто можете да аплицирате во кој било уплатен објект на Sport Life.