Старо-новио шампион, Макс Ферстапен, и неговиот Ред Бул се главни фаворити за победата и на главната трка за ГН на САД, која вечерва ќе се вози на патеката во Остин.
Ферстапен дојде до пол-позицијата и победата на спринт трката, но на главната трка прв ќе стартува возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој има фантастична квота за победа од 15. За разлика од него, квотата за победа на Ферстапен е 1.33, додека најблиску до него се очекува да бидат Ландо Норис и Луис Хамилтон со квота од по 6.50.
Слични се и квотите за пласман на подиумот, каде најблиску до Ферстапен, Норис и Хамилтон се Леклер и Расел со иста квота од 3.25.