Веќе се наѕираат фаворитите во 27-то коло на Спортска прогноза, засега најголема доверба има Манчестер јунајтед

Новото 27 коло на Спортска прогноза кое е во тек носи натпревари од петте најсилни европски лиги и прогнозерите само по 24 часа можност за прогнозирање, веќе имаат свои фаворити за 13-те меча.

Најинтересни натпревари за типување се дуелите во Премиер лигата меѓу Њукасл иТотенхем, во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Жирона како и популарното Дерби дела моле меѓу Торино и Јувентус.

Засега, најголем фаворит меѓу трите дерби дуели е Атлетико Мадрид кој ја има довербата кај 80.55 отсто од прогнозерите. Во триумф на Јувентус се убедени 73,23 отсто од прогнозерите, додека најнеизвесно е премиерлигашкото дерби.

Во премиерлигашкото дерби, 45,54 отсто сметаат дека Њукасл ќе слави, во Тотенхем веруваат 26,32 отсто од прогнозерите, а 28,15 отсто сметаат дека нема да има победник.

Само по 24 часа можност да се прогнозира, веќе се наѕираат и фаворитите и на останатите мечеви. Голем е процентот на победа на Манчестер јунајтед над Борнмут (85,81 отсто), на вест хем над Фулам (81,24 отсто), на Гранада над Алавес (67,73 отсто), на Лече над Емполи (64,07 отсто), на Рајо Ваљекано над Хетафе (69,34 отсто), на Севиља над Лас Палмас (64,07 отсто), на Гранада над Алавес (67,73 отсто).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 13.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести