Новото шесто коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, каде што „ѕвезда“ е англиското дерби меѓу Арсенал и Манчестер сити.
Само по 24 часа можност да се прогнозира исходот, Манчестер сити има поголема доверба кај прогнозерите, 40,84 отсто сметаат дека Граѓаните ќе слават, додека во Арсенал веруваат 26,18 отсто, а 32,98 отсо од прогнозерите сметаат дека натпреварот ќе заврши без победник.
Фаворитите се наѕираат и на останатите натпревари, како и на двата резервни дуела.
Убедливо најголема доберба прогнозерите имаат во Аугсбург, дури 86,74 отсто сметаат дека ќе слави против Дармштад, а најголем фаворит за гостински триумф е Монако. Монако, кој е лидер на табелата во Лига 1, има 79,41 отсто да слави на гостувањето кај Ремс.
Голем е процентот и за победа на Штутгарт над Волфсбург (69,98 отсто), на Астон вила на гостувањето кај Вулверхамптон (62,65 отсто), на Лацио над Аталанта (58,64 отсто) и на Бетис над Алавес (70,51).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.