Новото второ коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, каде што „ѕвезда“ е англиското дерби меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед.
Само по 24 часа можност да се прогнозира исходот, Арсенал има голема доверба кај прогнозерите и дури 62,10 отсто сметаат дека Топчиите ќе триумфираат. Засега во победа на Манчестер јунајтед веруваат 18,76 отсто, додека 19,14 отсто сметаат дека натпреварот ќе заврши без победник.
Фаворитите се наѕираат и на останатите натпревари, како и на двата резервни дуела.
Дури 71,48 отсто од прогнозерите сметаат дека Вердер Бремен пред своите гледачи ќе го совлада Мајнц, а најголем фаворит за гостински триумф е Рен. Рен, кој има една победа и две ремија во првите три кола во Лига 1, има 70,36 отсто да слави на гостувањето кај Брест, кој има одличен старт на сезоната и две победи во првите три кола.
Голем е процентот и за победа на Атлетик Билбао над Мајорка (68,48 отсто), на Њукасл на гостувањето кај Брајтон (55,29 отсто), на Штутгарт над Фрајбург (58,16 отсто) и на Хофенхајм над Волфсбург (54,41).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 13.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.