Веќе се знае еден резултат од третото коло? Со нерешено и двете селекции ќе одат во осминафиналето

Сите четири репрезентации од Е групата имаат по три бода по првите две кола и имаат реални шанси да се надеваат на пласман во осминафиналето на Европското првенство. Според актуелната ситуација, Романија е прва со гол разлика 3:2, Белгија има гол разлика 2:1, а потоа се Словачка (гол-разлика 2:2) и Украина (гол-разлика 2:4).

Во последното трето коло ќе играат Словачка и Романија, односно Украина и Белгија, а калкулациите се јасни. На Словачка и на Романија им одговара нерешен резултат и двете репрезентации ќе бидат сигурни патници во осминафиналето на ЕП.

Оваа ситуација потсетува на нешто што се случи пред точно 20 години. На ЕП 2004 година, Шведска и Данска требаше да одиграат 2:2 за да одат во нокаут фазата и на крај тоа се случи, а извиси Италија.

Разликата од пред 20 години и сега е тоа што сега се игра и осминафинале, а групната фаза може да ја поминат и три екипи од една група.

- Оглас -

Најнови вести