Иако уште не е започнат првиот Грен-слем турнир во годината, одлични вести пристигнаа за Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер во светот на 8 март и официјално ќе го надмине Роџер Федерер по бројот на поминати недели како лидр на АТП листата.
Дека нема шанси некој да го стигне Ноле до 8 март на лидерското место на АТП беше јасно, откако Рафаел Надал не се појави в полуфиналето од АТП Купот меѓу Шпанија и Италија. На Надал му беа потребни 500 поени од овој турнир за да има теоретски шанси да го престигне Ѓоковиќ на АТП листата пред 8 март, но откако Шпанецот се откажа, калкулациите се јасни.
⚠ History alert ⚠
🇪🇸 Rafael #Nadal won’t play against Italy in @ATPCup
🇷🇸 Novak #Djokovic will exceed Federer’s historic record, 310 weeks as ATP No. 1, on March 8 ‼️ pic.twitter.com/rpQeNU3H0C
— TennisMyLife (@TennisMyLife68) February 5, 2021
НА тениската мапа сега следува Австралија Опен, а потоа и турнирот во Ротердам, но Надал нема да има шанси да стигне до првото место на АТП листата, па сега Ѓоковиќ има чист пат да го надмине толку посакуваниот рекорд на Федерер.
Легендарниот Швајцарец има поминато 310 недели како лидер на АТП листата, а ако Ноле се појави како лидер на 8 март, тоа ќе биде негова 311 недела на челната светска позиција.