Веќе се знае и точниот датум кога се враќа Погба, ќе биде подготвен и за настап на Мундијалот во Катар

Пол Погба е во пследната фаза од рехабилитацијата по операцијата на коленото и веќе се знае и точниот датум кога во дресот на Јувентус ќе се врати на терен.

Црно-белите од Торино планираат Погба да биде во составот за мечот од Лигата на шампионите против Бенфика на 25. октомври.

Тоа е за нешто помалку од 10 дена, а на помалку од еден месец до стартот на Светското првенство во Катар.

Погба ќе биде подготвне за настап на Мундијалот, на кој тој и неговиот соиграчи од француската репрезентација ќе ја бранат шампионската круна.

Оптимистичката варијанта за Јувентус е дека Пол може да биде на клупата за резерви на дуелот со Емполи на 21. октомвти, но пореално е да се појави во составот четири дена подоцна кога најтрофејната екипа во Италија ќе и биде гостин на Бенфика на „Луж“ во Лисабон во меч од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести