Отворено е типувањето на натпреварите од третото коло на бесплатната забавна игра Спортска прогноза, во која Sport Life ги наградува најуспешните прогнозери.
Првиот меч од новото коло започнува во сабота, во 15 часот, а тоа е дерби-дуелот помеѓу Јувентус и Лацио, па тоа е и крајниот термин до кој може да се вклучите со вашите прогнози.
Од саботната понуда тука се и мечевите Мајнц – Штутгарт, Волфсбург – Унион Берлин, Валенсија – Атлетико Мадрид, Рен – Лил, Интер – Милан и Бохум – Ајнтрахт Франкфурт.
За во недела остануваат Каљари – Удинезе, Хетафе – Осасуна, Стразбур – Монпелје, Фрозиноне – Сасуоло, Хајденхајм – Вердер и Фиорентина – Аталанта.
Резервни парови се Фрајбург – Борусија Дортмунд и Дармштад – Борусија Менхенгладбах.
Главниот предизвик во ова коло ќе биде големото миланско дерби од Серија А. Дуелот на програмата е в сабота попладне.
Како и во минатата сезона, за 13-ка подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, на нив им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Веќе има играчи кои се изјаснија, и вие прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!