Векиќ: Ме растури, но јас ѝ ја завршив кариерата на Шарапова

Дона Векиќ беше последната противничка на Марија Шарапова и изјави дека тие заедно тренирале пред Отвореното првенство на Австралијан и тогаш убедливо победила Русинката.

„Никој не го знае ова, но ние во зимската пауза многу често трениравме заедно. Таа на тренинг во Италија ме победи со 6-1, беше во добра форма, но тренинг-мечевите се поинакви од официјалните. Мислев дека може да освои уште некоја титула, но ете, на крајот јас бев нејзина последна противничка во кариерата“, изјави Векиќ.

Векиќ на првиот Гренд слем годинава, во Мелбурн, во првото коло играше со Шарапова и славеше со 6-3, 6-4. Набрзо потоа, Шарапова објави пензионирање. Последната победа на ВТА-турнир Шарапова ја имаше во Синсинати во 2019 година, против Алисон Риске.

- Оглас -

Најнови вести