Велигденските празници за многумина обложувачи во Sport Life донесоа дополнителна среќа со погодените тикети и заработените пари. Од сите добитни тикети, посебно интересни беа неколку, на кои добивката беше одлична, и тоа со мали влогови.
СРЕЌНА БРОЈКА ЗА УПЛАТА Е 29 ДЕНАРИ
Само 29 денари му беа доволни на обложувач во Чаир да ќари 113.699 денари бруто-добивка со погодување на 12 натпревари. Одиграна е едноставна и класична игра за тоа кој тим ќе победи и сите 12 меча се погодени на „кец“ и „двојка“. Квотите на овие средби се движеле од 1.69 до 2.20.
ЕКСПЕРТ ВО ШТИП ПОГОДИ КВОТА ОД 3.427, НО ШТЕТА ШТО НЕ ЌАРИ МНОГУ ПОВЕЌЕ ПАРИ
Мајсторски е тикетот уплатен во Штип, на кој е одиграна комбинација 7/9. Со 210 денари добивката е 104.773 денари, а погодени се сите девет средби. Вкупниот погоден коефициент е неверојатен и квотата изнесува 3.427.
Доколку овој тикет бил уплатен како една комбинација, односно без услови, на 210 денари, добивката ќе изнесуваше фантастични 719.682 денари.
СО НАЈЕДНОСТАВНИТЕ ИГРИ ДО СУПЕР ДОБИВКА
Во Тетово, со 40 вложени денари, добивката е 82.264 денари на тикет на којшто има 11 натпревари. И тука најголем дел од мечевите се одиграни на фиксови, а само три се со играта 3+, и тоа е одлично погодено. Астон вила со 3:0 го победи Њукасл, Рајо Валјекано со 2:1 беше подобар од Осасуна, а Шалке и Херта одиграа ефикасен меч кој заврши 5:2. Лацио без проблеми славеше кај Специја со 3:0, додека по еден гол беше доволен за Копер и Кремонезе да се радуваат дома против Горица и Емполи.
МАЈСТОРИЈА Е ДА СЕ ПОГОДАТ 27 НАТПРЕВАРИ, СО 50 ДЕНАРИ ДО 5.000 ЕВРА
Во неделата, кога и се славеше најголемиот христијански празник Велигден, еден обложувач од Струга успеа да си заработи бруто-добивка од 302.016 денари со влог само од 50 денари. На тикетот се погодени дури 27 натпревари и сите се одиграни на иста ткактика, а тоа е да има барем еден погодок во првото полувреме.
Одбрани се мечеви од многу различни лиги, а квотите да има еден погодок во првиот дел се движат и до 1.70, што е одлична понуда која на мајсторски начин ја искористил овој обложувач.