Велат дека сите патишта водат во Рим, е, па Фалангата веќе е таму и ќе навива за Македонија

Верните македонски навивачи, популарно наречени „Фаланга“, се пристигнати во Рим и ќе бидат поддршка за фудбалската репрезентација која вечерва ќе гостува на „Олимпико“ против Италија.

Околу 65.000 навивачи се очекува да има на трибините, од кои се проценува дека илјада фанови ќе бидат за македонската репрезентација. Нашите навивачи секогаш се на трибините без разлика каде игра, а кога се работи за гостувањата во Италија, имаме убави спомени бидејќи на претходните две гостувања, Македонија има една победа од Палермо (1:0) и реми во Торино 1:1.

- Оглас -

Најнови вести