Француската Лига 1 нема да има нов лидер, барем не вечерва, откако Марсеј одигра само 2-2 на домашен терен против Тулуз и пропушти шанса да го мине ПСЖ на табелата.
Гостите од Тулуз дојдоа во водство во 14-тата минута, но Марсеј во вториот дел направи комплетен пресврт, но сепак, во 92-рата минута остана без три бода и првото место на табелата.
Лидер е ПСЖ со 30 бода, еден повеќе од Марсеј и два од Ленс.
Сепак, Ленс ќе има шанса да го преземе врвот во Лига 1 и да го мине ПСЖ, но за тоа ќе им биде потребна победа на гостувањето кај Анже (недела, 17:15 часот).

