Вака се чува репутацијата – Дитуро одбрани 7 пенали во иста сезона, вечерва на атрактивен начин потврди дека е велемајстор за удари од 11 метри (Видео)

Аргентинецот Матијас Дитуро и вечерва покажа дека е велемајстор за одбрана на пенали и на атрактивен начин со нога му го фати ударот од 11 метри на Рубен Гарсија од Осасуна на самиот почеток на второто полувреме.

Новиот голман на Селта реагираше извонредно и со нога на многу атрактивен начин успеа да спречи водство на домаќините на „Ел Садар“ во Памплона.

Мечот заврши без голови, а пеналот беше чуден со прекршок што е необичен и беше надвор од шеснаесетникот на Селта. Сепак, за праведен епилог се погрижи извонредниот голман на гостите, а начинот на кој успеа со нога да му го одбрани ударот од 11 метри на Гарсија можете да го погледнете ОВДЕ.

Дитуро, кој има 34 години, пристигна во Селта ова лето од чилеанскиот гигант Универзидад Католика, каде што бранеше четири сезони.

Претходно беше член на боливискиот клуб Боливар и во сезоната 2016/17 одбрани дури 7 пенали од вкупно 8, што беа досудени против најтрофејниот клуб во оваа земја со 29 шампионски круни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести