Велеше дека го мрази Партизан, а сега ќе го носи црно-белиот дрес

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ е нов кошаркар на Партизан. Аврамовиќ се одлучи за Партизан иако беше на радарот на Басконија и Црвена ѕвезда. Минатата сезона настапуваше за Естудијантес во Шпанија, каде што на 36 меча имаше просек од 16,4 поени и 3,5 асистенции по меч, што беше доволно да е втор најдобар стрелец во АЦБ-лигата.

Доаѓањето на Аврамовиќ во Партизан ги подгреа страстите кај навивачите, кои веднаш го дочекаа „на нож“ новото засилување. Пред повеќе од шест години, Аврамовиќ на социјалните мрежи коментирал дека го мрази Партизан и дека сака Црвена ѕвезда да биде шампион.

Иако се работи за коментари кои ги има напишано во тинејџерските денови, тие останале запамтени и веднаш беа постирани за навивачите на црно-белите да видат какво засилување добиле. Одличниот бек шутер во кариерата никогаш нема играно за Ѕвезда. Во Србија бил во екипите на ОКК Београд и Борац Чачак, а на интернационално ниво има играно за Варесе, Уникаха и Естудијантес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести