Величе Шумуликоски им порача на Чесите дека во Скопје ги чека пекол од 7.000 вжештени глави

Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец, Величе Шумуликоски, кој живее и работи во Чешка, во изјава за чешките медиуми, им најави на Чесите што треба да очекуваат утревечер во „Борис Трајковски“ на ракометниот меч кој ќе го одреди патникот на Светско првенство.

Шумуликоски е спортски директор во фудбалскиот клуб Словачко.

„Во сала има 7.000 луѓе кои нема да ги штедат своите гласни жици. Прашање е дали судиите ќе може да го издржат притисокот од трибините. Ние на Балканот сме познати како вжештени глави, но без таква пасија за победа, не може да успеете. Големи фанатици сме за спортови со топка“ – вели Шумуликоски.

- Оглас -

Најнови вести