5.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Величенствена ноќ за Партизан, Грците ги загубија нервите и од немоќ се тепаа (Видео)

Партизан го растури Панатинаикос со 78-62 во Евролигата и приреди пријатно изненадување за своите фанови кои вечерва во голем број (околу 15.000) ги бодреа во белградската Арена и потсетија на периодот од пред неколку месеци.

Црно-белите доминираа во втората и третата четвртина, а во финишот на третиот период при 66-42, имаше и инцидент, кога Рогавопулос го нокаутираше Лакиќ. Кај поразените Зелени детелинки од Атина, единствена светла точка беше натурализираниот Македонец Ти Џеј Шортс со 21 поен. Ниеден друг играч на ПАО не постигна повеќе од 7 поени.

Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со 11 поени и три асистенции за 15 ипол минути игра придонесе во победата на Баерн над Монако од 91-82.

Ова е моментот кога Рогавопулос ги загуби нервите и направи неспортски потег поради кој беше исклучен:

- Оглас -

Најнови вести