Велигденски на два тикети со помалку од едно евро, вкупна добивка од речиси 10.000 евра

Овој Велигден дополнително беше поубав за двајца обложувачи во Sport Life кои заработија одлични добивки на тикети уплатени за време на празникот. Двата тикети кои се добитни се уплатени со симболична сума од по 25 и 20 денари, а вкупната добивка на двата тикети достигнува речиси 10.000 евра

Во саботата, во Велес беше уплатен тикет со само 25 денари на кој добивката е 465.681 денари, што значи за помалку од половина евро уплата, ќарот е преку 7.500 евра. На тикетот има 12 мечеви и најголемиот дел се одиграни на голови.

НЕ МОЖЕ БЕЗ ДРАМА, ГОЛ ВО 94 МИНУТА

Во третата данска лига Роскилде дома загуби со 2:3 од херлев кој на полувреме беше 1:1. ТНС со 3:1 славеше над Каернарфор во меч на кој домаќините водеа со 2:0 на полувреме. На овој меч покрај победа на домаќините, требаше да има и два гола во вториот дел, а домаќините погодуваа во 88 и 94 минута.

Хамбургер со 4:2 победи на гости кај Регенсбург, додека Вердер без проблем со 4:1 го победи Шалке во Гензенкирхен, а гостите на поувреме водеа со 2:0. Арсенал и Манчестер јунајтед одиграа меч со 3+ голови, а Топчиите се радуваа на триумф од 3:1.

МЕЧЕВИ И ОД НЕАТРАКТИВНИ ЛИГИ, СИТЕ 12 ДУЕЛИ СЕ ВО ПЕРИОД ОД 13:30 ДО 15 ЧАСОТ

Во Естонија, Легион со 3:0 го победи Парну, а на полувреме домаќините водеа со 1:0. Кил и Хајденхајм одиграа 1:1, а двата гола паднаа во второто полувреме како што беше и потребно. Вториот тим на Баерн Минхен во регионалната лига со 4:2 победи на гости кај Раин/Лех, а во двете полувремиња имаше по три погодоци.

Во Финска, ТПС Турку со 3:0 го победи ЈаПС, а на полувреме беше 1:0. Архус во второто полувреме се „разбуди“ и даде три гола во победата од 3:0 против Фредерикс. Во втората австриска лига Домбирн дома загуби од Лафниц со 1:4, а гостите на полувреме водеа со 2:0. Аталанта во 44 минута даде гол за водство на полувреме против Венеција, а фаворитот на крајот славеше со 3:1 на ова гостување, во последниот меч од тикетот кој донесе над 7.500 евра.

СО МИНИМАЛНИ 20 ДЕНАРИ ДО 2.000 ЕВРА

Во Кисела Вода во Скопје, на тикет со шест меча, со само 20 вложени денари, добивката е 127.576 денари. Тука сите игри се на голови, кои носат големи коефициенти, па има погодено квоти од 7.75, 4.70, а „најсигурниот пар“ бил со коефициент од 2.85.

Погодените мечеви се: Торино – Специја 2:1 (1:0), Гројтер Фурт – Баер Леверкузен 1:4 (1:2), Норвич – Њукасл 0:3 (0:2), Лион – Монпелје 5:2 (2:2), Цирих – Сион 5:1 (2:1) и Интер – Рома 3:1 (2:0).

 

- Оглас -

Најнови вести