Великаните ќе се “тепаат“ за неговиот потпис: Овој играч е вистинска гол-машина (Видео)

Гифт Емануел Орбан е 20-годишниот фудбалер за кој допрва ќе се слушне во Европа, а големите клубови ќе се тепаат за неговиот потпис. Нигериецот оваа сезона постигна 19 голови на исто толку натпревари во белгискиот Гент, но овие бројки се уште поимпресивни ако се знае дека во белгиското првенство пристигна во месец јануари од норвешкиот Стабаек.

Фантастичната гол-серија, Орбан, ја продолжи и на вчерашниот натпревар против Серкл Бриж на гостински терен со 0-4, дуел на кој нигериецот постигна нов хет-трик.

Веќе се шпекулира дека голем број на екипи се заинтересирани за неговиот потпис, а раководството на Гент трие раце бидејќи летово може да заработи добра сума за фудбалер кој само неколку месеци настапувал за нивната екипа.

- Оглас -

Најнови вести