Екипите на Раџа Казабланка од Мароко и Ал-Ахли – Каиро од Египет вечерва во 18:00 часот ќе ги одмерат силите во Африканскиот суперкуп.
Двата великани од своите држави коишто ги имаат можеби и најдобрите навивачки групи во светот ќе се соочат во Доха.
Раџа е најуспешниот марокански тим во КАФ Лигата на шампионите, додека Ал-Ахли има десет титули од најголемото натпреварување на овој континент.
И двете екипи се најпопуларни во своите држави, особено тоа важи за великанот од Египет, за кого навиваат над 45 милиони жители од Египет.
Во Мароко, пак, главен ривал на Раџа е Видад Казабланка и секогаш кога ќе се соочат овие две екипи, практично целата држава живее за ова дерби.
Доволен позакател е атмосферата и кореографиите направени кога ќе се соочат овие две екипи.
Ова се ултрасите на Раџа Казабланка:
Ова се ултрасите на Ал-Ахли: