26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Крсте Велкоски верува во чудо против БАТЕ Борисов

Откако пред една како домаќин загуби од БАТЕ Борисов со 1-2, во тимот на Сараево сепак се оптимисти дека вечерва од 19 часот на гостувањето во Белорусија може да го елиминираат фаворизираниот домаќин и да се најдат на чекор од пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Капитенот Крсте Велкоски и тренерот Хусреф Мусемиќ мислат дека резултатот од првиот меч не е реален и посакуваат овојпат среќата да биде наклонета кон „босанскиот Бордо“.

„За жал, не ги искористивме шансите на првиот меч, се надевам дека денеска ќе имаме повеќе концентрација во завршните ситуации. Се надевам дека ќе дадеме повеќе голови од противникот, за тоа сме дојдени тука, сакаме да се најдеме во плејофот на Лигата на Европа“, изјави македонскиот репрезентативен напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести