Велковски е МВП на 25-тото коло во романскиот шампионат

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, игра во добра форма годинава и најдобар доказ за тоа е изборот за најдобар играч на 25-тото коло во романскиот шампионат.

Неговиот тим Динамо Букурешт во 25-тото коло на гости славеше против Фарул Констанца, а Велковски не само само што го одигра целиот меч, туку и се запиша во листата на стрелци. Велковски во 29-тата минута го отвори резултатот, а за прикажаната игра доби оценка 8,7 која му го донесе и признанието за најдобар играч на колото.

Динамо кој е последен на табелата во романскиот шампионат, утре ќе игра против Отелул.

- Оглас -

Најнови вести