Велковски: По повредата на Кузмановски ни се растури играта

Македонија со три порази си заминува од Европското првенство. По поразот од 10 гола разлика во дуелот Данска, Мартин Велковски потенцира дека еден од клучните моменти била повредата на Филип Кузмановски.

„Добро се подготвувавме за овој дуел и добро започнавме. Добро се држевме до повредата на Кузмановски, а потоа ни се расипа играта, ја загубивме ротацијата. Имавме проблеми со организацијата на играта. Данска е селекција која никогаш не застанува. Сега играа ракометари кои беа поодморени и сакаат да се докажат кај нивниот селектор. Штета што на крајот загубивме со десет разлика“, рече Велковски.

- Оглас -

Најнови вести