Велковски погоди од пенал за победа на Сараево (Видео)

Крсте Велковски продолжува да носи радост за Сараево. Македонскиот репрезентативец погоди од пенал против Зрињски за победа од 1-0 во првиот меч од четврт-финалето во Купот на Босна и Херцеговина.

Голот кој донесе минимална предност за Сараево пред реваншот, беше постигнат уште во деветата минута за радост на навивачите на „Кошево“. До крајот на средбата немаше погодоци, па тоа ветува неизвесен реванш кој се игра на 13-ти март на теренот на Зрињски во Мостар.

https://dai.ly/x734r71

 

- Оглас -

Најнови вести