Велосипедистот Даниел Ос се здоби со тешки повреди на вратот по падот на вчерашната етапа на поуларната трка „Тур д Франс“. Додека велосипедистите се спуштале на една калдрместа патека, Италијанецот удри во дел од навивачите кои стоеја многу блиску до патеката.
„По направените дополнителни прегледи било констатирано дека има скршеница на вратниот пршлен и дека во следните неколку недели тој мора да мирува“, велат од тимот на Ос, кој со овој пад и го заврши овогодинешното натпреварување на Тур Д Франс.
Daniel Oss suffered this horrible crash yesterday and still managed to finish the stage. But his team has since said he is out of #TdF2022 after “additional examinations revealed a fracture of a cervical vertebra requiring immobilisation for a few weeks”. pic.twitter.com/Xv9SpCWj52
— Sophie Smith (@SophieSmith86) July 7, 2022
Покрај Ос кој возеше со голема брзина, падна и уште еден велосипедист, а тоа е Мајкл Гогл кој ги скршил клучната коска и карлицата. Повредени беа и неколку гледачи.