Велс 64 години чека повторно да заигра на СП, но речиси цел свет ќе навива за Украина!

Бараж дуелот помеѓу Велс и Украина кој ќе го одреди патникот на Мундијалот во Катар, ќе биде многу интересен, барем според најавите од двата табори.

И Велс и Украина само по еднаш биле учесници на Светско првенство. Велшаните пред 64 години, а Украинците пред 16. Поголема пауза од Велс имаат само Индонезија и Куба кои играа во 1938 и од тогаш ги нема.

Велс игра дома во Кардиф, тоа е нивната предност, мотивите се до небо, но гостинот е тим кој сите посакуваат да го бидат на СП.

Украина која е воено нападната од Русија, ја има поддршката на речиси целиот свет, а и украинските фудбалери против Шкотска покажаа дека се квалитетни и дека многу сакаат да се најдат во Катар. На трибините ќе има и 100 бегалци од Украина кои ќе добијат бесплатни билети.

Велс и Украина трипати играле меѓусебе, Велс никогаш не победил (две ремија и еден триумф на Украина), а сите три меча биле неефикасни со 1 до 2 гола.

Победникот од овој бараж, на СП ќе биде во група со Англија, САД и Иран.

- Оглас -

Најнови вести